Media

Повеќе енергија за фоликулите на влакното кај косата на мажите

 

Два експерти во борба против опаѓањето на косата

Новиот Енергетски Шампон за мажи од Revalid е иновативна комбинација од две моќни состојки SantEnergy и Redensyl. Активните состојки го стимулираат и оживуваат фоликулот на влакното, штитејќи го од оксидативно оштетување, го зајакнуваат влакното, и поттикнуваат раст на целата коса. Збогатената формула so екстракт од цветот на швајцарска Artemisia нежно ги чисти и хидрира сувиот скалп и коса и ја зајакнува структурата на влакното. Природно и ефикасно.

SantEnergy: Уникатен двоен механизам на дејство

SantEnergy е екстракт добиен од листовите на растението Yerba Santa, кое е особено познато по здравствените придобивки и антиоксидативната моќ. SantEnergy има две многу корисни својства: истовремено е моќен антиоксидант и има енергетски и стимулирачки ефект кој може да се спореди со ефектот што го дава чист кофеин. Оптимално го заштитува фоликулот на влакното од внатрешно и надворешно оштетување и го одложува почетокот на негово предвремено стареење. Истовремено се зголемува растот на косата како и нејзината густина.

Redensyl: Поттикнувач на раст на коса

Redensyl е активна состојка составена од две патентирани молекули, добиени од дрвото Ариш и листови од зелен чај. Ги заживува фоликулите на влакното и во исто време го зајакнува метаболизмот на косата и ја активира делбата на матичните клетки на фоликулот. Со овој двоен ефект , шампонот докажано го стимулира растот на косата и го намалува нејзиното опаѓање.

ЗА REVALID/РЕВАЛИД

Ревалид/Revalid е развиен во 1992 во Швајцарија првенствено како холистички пристап за нега на коса и третман на коса која опаѓа. Дизајниран од експерти да ја направи Вашата коса поздрава и појака, висококвалитените производи од портфолиото на Ревалид се специфично формулирани да ги задоволат сечии потреби за нега на коса. Сите козметички производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија. За повеќе информации посетете ја веб страницатаwww.revalid.com

ЗА EWOPHARMA

Ewopharma AG, со седиште во Шафхаузен, Швајцарија, е фармацевтска компанија со маркетиншки фокус на Централна и Источна Европа и Швајцарија. Со повеќе од шест децениско присуство во регионот, Евофарма има

огромно познавање на овие пазари и е почитувана (има привилегирана позиција) во сите земји од регионот.Компанијата ги покрива сите аспекти на достапност на пазарот како и комерцијализација на етички фармацевтски производи и производи за широка потрошувачка. www.ewopharma.com